Вечерва, во 19 часот, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи промоција на стихозбирката „Огнен пој“ од поетот Перица Сарџоски од Тетово.

Книгата ќе ја претстави Елена Пренџова, стиховите ќе ги читаат Андреј Ал-Асади и Горазд Китановски – Кени со музичка придружба на ВИС „Тркалезна маса“, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. На промоцијата ќе бидат изложени и артефакти од „Најмал етно музеј“ во село Џепчиште, тетовско.

Поетската збирка „Огнен пој“ е уживање за сите сетила – и при читање и при слушање. „Огнен пој“ е (скоро) технички совршена и уметнички обдарена. „Огнен пој“ е книга која едноставно повикува на читање и препрочитување. Уживајте!, вели Елена Пренџова.

Перица Сарџоски е роден во 1976 година во Тетово, Македонија. Дипломирал на Филолошкиот факултет (англиски јазик и книжевност) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2001 година. Тој е поет, писател, преведувач и толкувач, истражувач, едукатор, иноватор на образовни програми, како и основач на училиштето за англиски јазик „Пегасус ЕЛС“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.