Во паркот на Матица Ексклузив на седми јуни (среда) во 12 часот академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и академик Катица Ќулавкова, наш врвен поет и есеист, ќе го промовираат романот “Прости му на Ѕверот” од академик Божин Павловски. Тоа е третиот том на неговата “Трилогија на вознесот” во која се и романите “Мемоари на задоцнетиот романтичар” и “На пат за Ахасферија”.

Водител на програмата ќе биде Арна Шијак.

„Прости му на Ѕверот” е 30-то книжевно дело на академик Божин Павловски. Покрај 24 романи, тој е автор на две книги со кратки раскази, три тома записи и колумни, како и на патописната проза „Македонците отаде Екваторот”, според која беше снимен филмот „Австралија, Австралија” кој во 1976 година беше апсолутен победник на Меѓународниот фестивал во Белград (Гран при за режисерот Столе Попов, Гран при за сценариото на Божин Павловски, Гран при за камерата на Бранко Михајловски и Гран при за продуцентот “Вардар филм”). Романите на Божин Павловски досега имаат стотина изданија на други јазици и многу повеќе на неговиот мајчин македонски јазик. Повеќето од тие дела се достапни на глобалниот англиски пазар во дигитална верзија преку едициите на „Киндл букс”.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.