Вечерва во рамките на „Петрева вечер“, насловена како „ПОЕЗИЈА ОД ЗАЈДИГОРА ДО ИЗГРЕЈЗОРА“ во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи интернационална промоција на поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ од Зоран Пејковски.

Поемата е посветена на Петре М. Андреевски по повод 90-годишнината од неговото раѓање. Присутните ќе имаат можност да проследат и видео рецитал на проф. м-р Роберт Велјановски на стихови од неколку пеења.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.