Монографијата „Илинденската споменица“ од Кочо Топузоски, денес (21 јуни), во 19.00 часот, ќе биде промовирана во паркот на книгата на Матица Ексклузив во Скопје. За содржината на ова ретко издание на издавачката куќа „Панили“ ќе зборува поетот и пубицист Георги Барбаровски.
Кочо Топузоски (Крушево, 1951) повеќе децении ги проучува историските процеси на Крушево и ги афирмира најзначајните личности од Илинденското востание и Крушевската Република.
Автор е на монографските студии „Питу Гули-живот и потоа-биографски осврт (1995), „Никола Карев-живот и потоа“ (2008), „Војводата Питу Гули“ (2015) и „Ветераните на Илинден“, историографија“ (2017), како и на поетските книги „Ноќни делби“ (1975), Болна прелест“ (2003), „Препознавања“ (2012), „Посланија и риданија“ (2016) и „И жега и река“ (2020).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.