Во петок (10 ноември) од 19 часот во Europe House Велес каде ќе се одржи промоција на книгите „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски и „Полиграф“ на Пијан Славеј. Промоцијата на книгите ќе се случи преку изведба на проектот „Реобмислување“. Поезијата од Трајкоски и Пијан Славеј ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски.
Во рамките на настанот, ќе се случи и промоција на песната „Збогум младост моја“ компонирана и со текст од Александар Прокопиев, а во музичка изведба и аранжман на Гоце Јованоски, Бранислав Николов и Прокопиев.
Песната е во продукција на Прозарт медиа и Метрика Култура и наскоро ќе биде достапна за публиката на сите музички платформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.