Денес со почеток во 18:00 часот во кафулето „Ла Страда“ во Велес, ќе биде промовирана книгата „(Пре)врски“ од Слаѓана Васовиќ.

Ова е книга која ќе придонесе да ги поврзеш искуствата низ кои си поминувал во релациите со другите и да ти ги разјасни нејаснотиите што те мачат.

 

Како коуч, едукатор за терапија со пишување и новинар, видов, запознав жртви и се уверив дека психолошкото и емотивното насилство не е толку ретка форма на насилство но е многу потешко да се препознае од физичкото. Според тоа, потешко е и да се реагира.

“Насилство во кое не се гледаат модринки и рани на телото а душата крвари” (проф. д-р Ана Чучкова)

 

Со оглед на внимателното поврзување на најновите научни и искуствени сознанија поврзани со оваа тема убедена сум дека оваа книга значајно ќе го подигне нивото на твоето спознание, информираност и квалитет на живот!

Мојата цел со оваа книга е да ја подигнам свесноста за оваа исклучително тешка состојба, страдање кое најчесто се одвива во тишина а значително го нарушува квалитетот на живот на оној кој се нашол во улогата на жртва.

 

Во ваквиот однос жртвата исклучително многу страда, нејзината личност се менува, самодовербата просто и’ се топи, како и чувството за самопочит и сопствена вредност. Самореализацијата останува настрана како да чека на некој друг живот по овој сега што го живеат и копнеат да му се вратат на животот со сите свои потенцијали, потреби и желби.

Во оваа книга преку примери од животот на неколку жртви е доловена манипулативната игра на вовлечените во вакво секојдневие.

Но жртвите веќе се вовлечени и во играта на обвинувањето и себеси се обвинуваат повеќе отколку насилникот. Оваа книга ќе ви помогне да ја препознаете нарцисоидната злоупотреба и да почнете да се враќате кон себеси, вели во својата објава авторката на оваа книга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.