Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски. Свое излагање за романот ќе има промоторот проф. д-р Кристина Николовска.

Приказната во романот е раскажана од три различни гледни точки, но тие се дозирано ограничени, читателот има потполна слобода сам да го креира настанот според сопствените „слоеви“.

„Папокот на светлината“ е доброволно отуѓување, доброволно напуштање на еден агресивен, перверзен и веќе опасен за душевното здравје свет-нашиот свет на корпоративен капитализам, кој се сведува на цицање крв и тотална униформираност на личноста и нејзината посебност. Таму беше „Не те прифаќаме, оди си, ни пречиш во лагите“, овде е „Си одам, не ми требаат вашите лаги, ја барам Вистината и Светлината“, вели авторот.

Венко Андоновски е роден 1964 година во Куманово, еден од најчитаните македонски автори во последната деценија. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“ и „Југра“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.