Утре, на 11 јули, во рамки на програмата на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, ќе се одржи промоција на книга „Орото да не ни застане“ на авторот Предраг Шушиќ, со почеток во 20,30 часот во Сули ан.

Промотор е Мирјана Мичевска. Дополнително, на настанот учество ќе земе женска пејачка група при фолклорниот ансамбл „Никола Ѓурковиќ“, со пијано придружба на Магдица Манасиева и Билјана Баевска – сопран.

Овој настан е во соработка со Министерството за култура и медиуми на Црна Гора, како и со НВО „Кирјана“ (NVU Crnogorsko makedonsko prijateljstvo Kirjana).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.