Промоцијата на книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“ („Антолог“, март 2024), ќе се одржи во ЛАБораториум, во вторник 19 март 2024, во 19 часот.

Текстовите на Шопов, за првпат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски. Промотор е Владимир Мартиновски. Јас ќе им се придружам, во својство на приредувач на книгата.

Промоцијата ја организира фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во соработка со „Антолог“, издавач кој годинава одбележува 25 години активност, и со ЛАБораториум, кој се дефинира повеќе како идеја отколку како простор, но и како простор за идеи… особено симболичен за нас, бидејќи станува збор за старата печатница на Нова Македонија.

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната Опера и Балет, ФлипБук Фестивал на анимирани филмови и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции врзани за нашиот поет, во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.