Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“ денеска ќе промовира четири нови современи бајки од млади автори и илустратори.

Станува збор за „Океанија“ од авторот Мартин Миљев и илустрирана од Орце Нинески, „Луѓето и змејовите“ од авторот Владо Јаневски со илустрации од Ем Елефантски, „Детето на месечината“ од авторката Јана Глигороска со илустрации на Јована Велинова-Трајанова и бајката „Зелда и Фе и болниот змеј“, чиј автор на текстот и илустрациите е Катерина Трајановска.

Издавач на современите бајки е издавачката куќа „Арс Ламина“, а со овој настан „Браво сине“ ќе одбележи десет години од своето постоење.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.