Во Културно-информативниот центар вечер од 19:19 часот ќе биде промовирана новата книга на Ферид Мухиќ – „Бигор шарпланинецот – приказни за пријателството и храброста“, објавена од Издавачкиот центар ТРИ.
Како што соопшти издавачот, се работи за роман во раскази – „извонредна ода за пријателството, за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот преку која се срочува филозофијата за меѓучовечките односи, за пријателството и воопшто за сеопштата поврзаност во природата“.
Книгата ќе ја претстави промоторката Виолета Танчева-Златева, а публиката ќе има можност да разговара со авторот Мухиќ – филозоф и поет, научник и учител, кој има објавено 52 книги.
-Според д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, на кој проф. Мухиќ подготвуваше безброј студенти за влез во водите на филозофијата, оваа „трогателна сага“ е неверојатен прирачник за живеењето, навраќање кон вистинските вредности на животот. Мухиќ целосно маѓепсува со своите зборови, носејќи нè до едно друго ниво во нивната длабочина, наведува Издавачкиот центар ТРИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.