Промоција на првиот албум на „Кенопсија“, новиот авторски проект на младиот музичар Виктор Стојчевски, ќе се одржи вечерва во кафе-книжарницата „Буква“, во Скопје.

„Кенопсија“ е морничава атмосфера на некое место кое обично е преполно со луѓе, но сега е празно и тивко. Кенопсија е новиот соло проект на Виктор Стојчески и преку него ќе се бори со напуштените сеќавања и сѐ што ќе биде, желбата да се побегне и бунтот против сите очекувања, вели Иван Николов за албумот.

Како што е најавено, истовремено со слушачката промоција на албумот, во галерискиот простор во кафе-книжарницата ќе биде отворена и изложбата на колажи и графики на младата уметница Марија Јаќовска.

Настанот е организиран од младинското неформално здружение „Култура бета“ во соработка со кафе-книжарницата „Буква“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.