Промоција на книгата „Соништа на писателот“ од Мимоза Рајл ќе се одржи утре, во 19.19 часот, во културно-информативниот центар „Салон 19:19“. Книгата е во издание на издавачката куќа „Арс ламина“. Се работи за драмско-музичка промоција на книгата „Соништа на писателот“, а ќе учествуваат еминентни уметници, актери и музичари.
„Соништа на писателот“ е најновото дело на д-р Рајл во корпусот на едно разнородно уметничко творештво, во кое преку главните ликови ги решаваме вечните прашања, се соочуваме со себеси и нашиот животен пат, сѐ до новата свесност на убавината и смислата.
Д-р Мимоза Рајл е директорка на институтот за сценски уметности на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ во Скопје. Таа е професорка по естетика на аудиовизуелните уметности, како и есеистка, колумнистка, театарска критичарка и поетеса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.