На 29 октомври (сабота), со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност – Скопје ќе се одржи промоција на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“. Промотори: Елизабета Шелева, Владимир Јанчевски, Биљана Тануровска – Ќулавковски.
Во склоп на промоцијата ќе се проследи и визуелна и аудио инсталација „Хусински рудар (моето минато е ваша иднина)“ со Бранко Шимиќ.

Настанот ќе продолжи во 21 часот во Макка бар, со настап во живо на Марија Каева, Димитра па Мирко Попов Quartet.

 Публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“ не е конечната архива за АКТО. Не е конечен поглед на АКТО. Оваа публикација е една архива што очигледно недостига на сцената, не само на фестивалот туку и на сите општествено-политички случувања во изминатиов период. Таа е еден поглед, особено детален и сериозен, но и еден дискурзивен поглед што треба да отвори ново поле за различни дискусии. Оваа публикација е визуелен, личен и политички есеј за тоа што е АКТО, како и за условите во кои е создаван АКТО. Како некој документ/ артефакт што треба да потсетува на значењето на архивирањето, што ќе го закопаме во дворот на Офицерскиот дом и по некое време ќе го најде некој што ќе ископува кога повторно ќе се реновира овој објект. Имаме впечаток дека темите што ги отвори АКТО изминативе 15 години можат да се обработуваат уште една декада одново. Од друга страна, кризата со корона-пандемијата ни отвори можност да се занимаваме само со архивирање, нешто за кое никогаш немавме ниту средства, ниту, пак, време. Пандемијата што го опколи светот ни направи и симболична и физичка пауза од присуството во јавниот простор, на улиците, галериите, плоштадите, театрите. Но, пак нè премести на друго место, дел онлајн, но и дел во еден нов процес на создавање односи, релации и врски што најверојатно одново ќе имаат потреба да редефинираат што е тоа што е денес јавно и што е тоа што е денес јавниот простор. Можеби оваа публикација е уште еден јавен простор во кој дејствува АКТО.

Со: Филип Јовановски, Ивана Васева, Ева Елерајт, Билјана Тануровска – Ќулавковски, Рена Редле, Владан Јеремиќ, Златко Паковиќ, Игор Грубиќ, Тања Остојиќ, Персефони Мирцѕ, Власта Делимар, Синиша Лабровиќ, Цонатан Блеквуд, Бојан Иванов, Никола Гелевски, Артан Садику, Немања Цвијановиќ, Никола Узуновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Роберт Алаѓозовски, Билјана Исијанин/Љупчо Исијанин (Елементи), Бранислав Николов (Фолтин), Владимир Јанчевски, ОПА (Опсесивно посесивна агресија), Драган Протиќ Прота (Шкарт), Борис Бакал, Кристина Леловац, Јанез Јанша, Виолета Качакова, Мирко Попов, Оливер Мусовиќ, Игор Тошевски, Кочо Андоновски, Звонимир Добровиќ.

Уредници: Ивана Васева, Филип Јовановски
АКТО архива и техника поддршка: Александар Јовановски
Координатор на публикацијата и уредничка поддршка: Владимир Јанчевски
Визуелен идентитет на проектот „Зборува АКТО 2006-2020“: Филип Јовановски, Иван Дургутовски, Александар Јовановски
Графички дизајн на АКТО online – кампања: Иван Дургутовски
Визуелен концепт и графички дизајн на публикација: Марко Ковачевски, Филип Јовановски
Издавач: Факултет за работи што не се учат – ФРУ
Лектура: Дејан Василевски
Коректура: Евгенија Стојанова
Превод на англиски јазик: Ана Василева
Превод хрватски и српски јазик (оригинално водени интервјуа): Сафет Ахмети

 Визуелна и аудио инсталација „Хусински рудар (моето минато е ваша иднина)“

Хусинскиот рудар, симболот на работничкиот бунт од 1920 година, е реинкарниран во форма на диско култура и ни одржува говор за моралот од минатото, солидарноста, подготвеноста да се бориме за човековите и работничките права; но и поради загубата во постсоцијалистичката транзиција, емиграцијата на младата работна сила на запад и доаѓањето на големите капиталистички корпорации на исток; и на крајот за моќта на театарот и моќта на уметноста како единствена можност и единствена константа на 21 век. Носталгијата за „подобри времиња“ или „подобра верзија“ од сите нас е „болест“ со која се соочуваат повеќето од оние што не опкружуваат. Постмодернизмот и деконструктивизмот ја предизвикаа хиерархијата, симболите и воспоставените вредности, вклучително и бунтот. Сепак, оние од нас кои веруваат во моќта на уметноста нема да бидат обесхрабрени. Така решивме да ги споиме двата симболи и со тоа да ја најавиме иднината на оптимизмот, просперитетот и влегувањето во нова борба за основните работнички и човекови права, но овојпат со аргументи, креативност, поп-арт и воопшто со моќта на уметноста и уметничките дела. Првиот симбол е споменикот на Хусинскиот рудар – монолитен и возвишен со пушка во рака, тој е очигледен дури и за оние кои не знаат во чие име е изграден. Втората е диско топка која се однесува на минатите поедноставни и невознемирени времиња. Споени, двата претставуваат нов симбол кој се разликува од другите бидејќи се соочува со иднината.

Автор: Бранко Шимиќ
Изработка на статуи: Марк Ајнзидел
Музика: Мирза Рахмановиќ-Индиго
Актер: Дражен Павловиќ
Асистент на авторот: Ален Шимиќ
Продуцент: Љубиша Вељковиќ
Маркетинг: Дарко Марковиќ
Техничка реализација: Далибор Бркиќ
Фото и видео: Марио Илиќ и Марио Стјепиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.