Утре, петок со почеток во 12.00 часот во Националата установа Библиотека “Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на Прирачникот “Социо-емоционален развој на деца“ од авторката Верица Пандиловска – Гичева.
Публикацијата е наменета за воспитувачи, родители и деца до 7 години од предучилишна возраст како и за деца кои се со лесна ментана попреченост на возраст до 11 години.
За публикацијата ќе говори авторот, Верица П. Гичева претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Гостин – говорник на промоцијата ќе биде проф. д-р Зенделабедин Шехи.

Посебна покана упатуваме до сите воспитувачи, раководители, директори, учители, логопеди, дефектолози, педагози и родители за кои оваа тема е предизвик и интересна, велат од ЕУ Институт – Скопје и Библиотеката.
Книгата ‘Социо-емоционален развој за деца“ ќе биде достапна и за продажба и тоа по промотивна цена од 500 денари.
Модератор на настанот ќе биде директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски, долгогодишен соработник на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, лектор на здружението и воедно на публикацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.