Промоција на книгата „Времето на Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев ќе се одржи денеска со почеток во 12:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

„Времето на Конески“ е книга за корифејот на македонскиот јазик и литература, за кого авторот истакнува дека ја отвори и „ни ја оствари успешната приказна за македонскиот јазик, во која тој самиот беше главна лика, предводник на македоностиката“.

Книгата е добитник на престижната награда „Димитар Митрев“ на ДПМ за најдобра остварување од областа на критиката и есеистиката за 2021 година.

Промотор на книгата „Времето на Конески“ ќе биде Бобан Карапејовски.

Димитар Пандев е писател и универзитетски професор по општа лингвистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на 16 дела од областа на лингвистиката и филозофијата, пет прозни остварувања, една книга поезија, критички книги и повеќе антологии и научни студии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.