Издавачката куќа Артконект од Скопје организира промоција на книгата „Угризи“ од Андреј Блатник, објавена годинава во превод на Лидија Димковска.
Андреј Блатник, еден од најценетите современи словенечки писатели, гостува во Скопје на 20 декември, во кафе „Филхармонија“ од 19:30 часот.
Разговорот со Андреј Блатник ќе го водат преведувачката на книгата Лидија Димковска и писателот Гоце Смилевски.
Гостувањето е реализирано како соработка помеѓу издавачката куќа Артконект, Јавната агенција за книга на Република Словенија и Европскиот фонд за регионален развој.
Промоцијата на книгата е отворена за јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.