Во кафулето „Метаноја“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Пу за Мите, пу за сите“ од Владимир Лукаш.

Стихозбирката (и флип-книга) е приказна во стихови за еднорогот Мите и другите животни од чудната шума. Промотор ќе биде Александар Прокопиев, а модератор на настанот е Билјана Црвенковска. Промоцијата е во рамки на Малиот новогодишен Темплум саем.

Дел од песните ќе прочита Николина Андова-Шопова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.