Во Мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скоје на 6 октомври (четврток) 2022 година, во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Попатно“ од Александар Пљачковски. За пораките на изданието пред присутните ќе говори авторот на книгата.
Александар Пљачковски – Скопје, 1998 година е инженер по електротехника и информациски технологии по професија, но исто така е и, софтверски инженер за развој, писател, поет, активист и хуманист. Започнува да пишува кратки текстови, есеи и поеми уште од рана возраст, но својот прв роман го завршува на свои седумнаесет години. Неговите реченици и зборови се препознатливи по креативниот и уметнички начин на пишување, преку којшто ги наведува луѓето да се пронајдат себеси и да живеат достоинствено, истовремено овозможувајќи им, да се видат себеси во напишаното. Да ја развијат својата будност, која несомнено ќе им помогне во разбирање на причинско – последичните ефекти на се’ што прават, како и да развијат енормни чувства за сето она коешто е важно за нив, со цел да се инспираат и мотивираат, продолжувајќи напред кон своите цели.
Она коешто го пишува е произлезено од искуството во неговиот живот, запознавањето со други животи преку моќта на книгите, формалното и неформалното образование и знаење, како и меѓусебната комуникација со другите луѓе.
Преку својот активизам и хуманизам, тој се залага да биде лидер и амбасадор за заштита на човековите права, рушење на поделбите, подигнување на свеста и свесноста на луѓето, нееднаквоста, економската, но и комуникациската, сиромаштија, борбата против климатските промени, социјалната инклузија, вклучувајќи го и младинскиот активизам и хуманизам, здравјето и благостојбата, како и иновациите кои претставуваат двигател на нештата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.