Книгата „Меани“ од режисерот и писател Кузман Кузмановски вечерва во 19.30 часот ќе биде промовирана на зелениот покрив на Домот на градежници „Кочо Рацин“ во Скопје. Делото ќе го промовираат Кристина Николовска и Александар Прокопиев.

Книгата „Меани“ е жанровски хибридно дело и може да се дефинира како збирка раскази и како „роман во раскази“. Опфаќа скопски ликови кои го живеат своето пропаѓање. Во времето на својата зрелост, кога природно би требало да го ожнеат тоа што го посеале, тие се заробени во меѓусебната бруталност и жестокоста.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.