Португалскиот краток филм „Ана Морфоза“ на авторот Жоао Родригес е годинешниот добитник за „Златната Тула“ на 14-то издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Хрватската авторка Леа Видаковиќ ја добила втората награда за својот анимиран филм „Семеен портрет“, додека добитник на „Бронзената Тулa“ е чешкиот филм „Светла“ на авторката Јитка Немикинсова.

Специјална награда им била доделена на филмовите „Војници“ од Македонија на авторката Розе Симоновска и „27“ од Унгарија на Флора Ана Буда.

За наградените најдобри анимирани филмови одлучуваше жири-комисија во состав на Саша Станишиќ, Ева Камчевска и Илиана Петрушевска.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продукциската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, во соработка со Кинотека на Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.