Во мултимедијалната сала на Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник вечер ќе се одржи проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ (1967). Главните улоги ги толкуваат Рената Фрајскорн и Стево Жигон, а режијата е на Димитрие Османли.
Овој проект е во организација на здружението Хрватско-македонска тангента. На гостите, како што е најавено, ќе им се обратат претседателот на Хрватско-македонската тангента Сашо Георгиевски и политичарот Тито Петковски.
На 11 септември, „Мементо“ беше официјално прикажан во престижниот МоМА, Музејот на современа уметност во Њујорк, во програма посветена на југословенските авторски филмови од 1960-тите. Пред тоа „Мементо“ ја имаше својата „втора премиера“, односно премиерната проекција на дигитализирана копија од филмот како дел од програмата на третото издание на „Сезона на филмски класици“ – проект на Европската асоцијација на кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes), финансирана од програмата МЕДИА на Европската комисија, заедно со серија проекции во европските филмски центри.
Набргу по онаа во Шибеник, проекцијата ќе се одржи во шпанската кинотека во Мадрид. Неодамна филмот беше прикажан и во Културно-информативниот центар на градот Загреб.
На страницата МоМА за „Мементо“ на Османли пишува дека „…филмот е за совеста и се карактеризира со една од најдобрите монтажи досега изведени на целулоидна филмска лента“, како и дека силно потсетува на делата на францускиот филмски мајстор Ален Ресне.
„Земењето на земјотресот како почетна точка за критички размислувања за прашања како што се холокаустот, нуклеарните катастрофи и Виетнамската војна – Мементо е калеидоскоп на 20 век, како и лична потрага по мир во овој турбулентен свет“.
Во трауматскиот дискурс, филмот добива актуелност со новите трагични искуства како што се катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и последната катастрофа што го погоди Мароко, но и во секој елемент на масовно човечко страдање…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.