Проектот „На работ“ вечерва во 20 часот ќе биде претставен во Чифте амамот во Старата скопска чаршија

Трансмедијалниот и трансдисциплинарен проект „На работ“ на авторите Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ, кој содржи повеќе просторни сегменти од целината, распределени во предизвикувачкиот амбиент на Чифте амам. Посебните делови, кои го чинат целото, се изведувани во разновидни техники и медиуми кои, на некој начин, се преплетуваат едни во други надминувајќи ги границите на чистите медиумски пристапи во создавање на еден концептуален конгломерат од сензорни агломерации. Во нив се инкорпорираат разновидни искуства и сознанија од повеќе дисциплини, преплетувајќи ги уметничките проседеа со оние на политиката, социологијата, антропологијата, механиката, електрониката, звукот, подвижните слики, перформансот, импровизацијата итн.

Дориан ЈОВАНОВИЌ е роден 1969 год. Во Белград, Р. Србија. 1974 год. се доселува во Скопје каде што завршува основно и средно образование и каде во 1987 год. се запишува на студии по компјутерска техника и инфроматика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Студиите ги завршува во 1994 год., а во периодот 1993-1994 е на едногодишна размена во САД на колеџот Бард, каде што изучува компјутерска музика, електронски перформанс и посебна музичка програма, Music Program Zero, под менторство на Бен Борец (Benjamin Boretz).

Со музика започнува активно да се занимава уште од средното училиште и од самиот почеток во насока на употреба на студиската технлогија како креативна алатка за композиција. За таа цел, конструира различни уреди кои што се користат во процесот на снимање (мали миксери и ефекти) и создава услови за повеќеканално (домашно) снимање уште во средината на ’80-те. Првата група ја формира во 1989, Плавајс, која што многу брзо (1990) прераснува во фејк-џез составот Сет (денес Сетстат). Од 1993 год. го започнува проектот Стринг Форсис  (String Forces) кој што во 1995 год. прераснува во активна група со која што работи до денес и со која што има 5 студиски албума, едно ЕП (EP) и 5 албума во живо.

Во почетокот на 2000-те започнува со истражување на Македонската чалгија како посебна форма во македонската традиционална музика, изучува свирење на ут и, исто така, започнува со истражување на слични (на чалгијата) традиции во музиката на Блискиот исток: турска, арапска, персијска. Во 2004 год. учествува во формирањето на составокт Калдрма со која што се реализира еден албум во 2004 год. Во 2006 година заедно со членовите на „Оркестар Пеце Атанасовски“ организира школа за чалгија со гости-предавачи (за инструментите) од Палестина/САД, Холандија и Турција и, секако, Македонија. Со учесници од школата во 2008 год. започнува ансамблот Чалгија саунд систем којшто е формиран со цел за зачувување и продолжување на чалгиската традиција во Македонија. Со овој состав работи до денес и позади себе имаат два албума и трет во подготовка. Во слична насока е и Добрила и Дориан дуо, состав настанат за време на пандемијата кој што ја носи македонската традиционална музика во едни сосема нови води кој што со својата иновативност особено беше препознаен надвор од Македонија. Со овој состав доесга има издадено два студски албума („Апокриф“,2021 SJF Records и „Пиле шарено“, 2023 SJF Records).

Во 2006 год. неформално започнува со солистички проект наречен Аксиотомик (Axiotomic) во кој што ги спојува различните пошироки интереси: електронска музика, импровизација и видео-перформанс. Со овој проект, иако е пред се проект со фокус на жив настап, има еден албум и две ЕП-а (EP), последниот со визуелниот уметник Стефан Шашков. Поради специфичноста на изразот, Аксиотомик е често дел од мултимедијални дела/изложби/инсталации. Неколку од нив се во соработка со уметникот-скулптор Дејан Спасовиќ, две мултимедијални изложби („Освежување на меморијата“ во 2013 во Белград и “Unknown Unknowns – An Introduction to Mysteries” претставено на павиљонот на Р. Србија на Миланското дизајн-триенале) со кураторот Иван Мангов од Белград, Р. Србија, како и амбиенталната изложба „Капење“ со визуелниот уметник Стефан Шашков при крајот на 2023 год.

Во 2021 год. за неговата работа во рамките на традиционалната музика од World Music Asocijacija-та на Србија ја добива наградата „Војин Малиша Драшкоци“ за посебен придонес во развојот на world music-изразот во регионот.

Гоце НАНЕВСКИ (1974), роден во Скопје; 1996 Дипломира на УКИМ, Факултет за ликовни уметности-Скопје, во класата на проф. Васил Василев а 2002 магистрира на истиот Факултет. Од 2004 е вработен на ФЛУ, УКИМ Скопје, редовен  професор  на Катедрата за скулптура и трансмедиумски истражувања.  Од Февруари 2023 година е Продекан за финансии  на ФЛУ. 2012 – 2016 бил Продекан за настава.

Предмет на неговите уметнички интереси вклучуваат широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата  во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видео уметноста.

Селектирани самостојни изложби: 2019 Сараево,  Триплет, Sarajevo winter festival, Академија за ликовни уметности, УНСА(со Славица Јанешлиева и Игор Сековски), 2018  Кавадарци, Протрузија, Дом на култура Иван Мазов Климе (со Борис Шемов и Игор Сековски), 2017 Скопје, Анатомија на векот, НГМ, Мала станица; 2015 Њујорк, Мо(ну)мент Докумeнт, Галерија МС; 2014 Цетиње, Содржина за другите 3, Атеље ДАДО, Народен музеј на Црна Гора; Скопје, Мо(ну)мент, НГМ; 2010 Бања Лука, Fifty or Fifty extended, МСУРС;  Њујорк, Содржина за другите 2, Gallery MC; 2009 Сараево, Содржина за другите, Субдокумента, Чарлама депот; Венеција, 53то Венециско биенале, Создавање светови, Педесет или Педесет, Палата Занобио; Скопје, Хоризонт-а, Мала галерија; 2007 Њујорк, Континуирани дистрибуции на веројатноста, Gallery MC; Пловдив, Континуирани дистрибуции на веројатноста, Стара бања; 2006, Скопје, Педесет или Педесет, МСУ; Велес, Пат, ЛУ Народен музеј; 2002 Скопје, Систем-и, Музеј на град Скопје.

Групно изложувал во: Кавадарци, Скопје, Кошице, Битола, Приштина, Торино, Лисабон, Сараево, Цетиње, Баку, Минхен, Загреб, Каиро, Њујорк, Брисел, Варна, Ксанти, Велес, Прилеп, Лос Анџелес, Калдас Да Раиња, Трст, Торес Ведрас, Констанца и др



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.