Во Кинотека на Македонија, на 15 декември, во 20 часот, ќе се одржи проекција на филмот „Пред и после“ (Before and After) во режија и по сценарио на уметникот Киро Урдин.

„Пред и после“ е документарец во траење од 46 минути. Приказната се случува во околината на реката Мара (Кенија и Танзанија), каде, во непосредна близина се раѓаат едно мало гну и едно мало бaфало, кои, на крајот на животот, умираат едно покрај друго.

Наратор во документарецот е Роберт Миано од САД, музиката е на Венко и Васко Серафимови, камерата на Бранд Феро, Слаѓан Милошевски и Ан Вутерс од Белгија, а монтажата и звукот на Владимир Петровски – Картер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.