Филмскиот и театарски продуцент Никола Кимовски е именуван за нов вршител на должност директор на Македонскиот народен театар (МНТ) соопштија од Националниот театар.

Кимовски доаѓа на местото на Симона Угриновска, која поднесе оставка на функцијата директор на МНТ.

Согласно решението од Министерството за култура на РСМ, од 10 јули 2024 г., а потпишано од страна на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за в.д директор на МНТ е назначен Никола Кимовски. Угриновска поднесе оставка од функцијата, која ја извршуваше од 2018 година. Функцијата вршител на должност на МНТ ќе се изврши денеска, соопштија од МНТ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.