Конзерватори од националната установа Завод и музеј – Охрид работат на санација на оштетувањата на праисториските куќи од локалитетот Плоча – Миќов град во Заливот на коските кај Градиште.
Во наредниот период ќе се работи на поправки на оштетените делови, односно на подовите и ѕидовите од праисториските куќи. При посетата на музејот, самите посетители ќе имаат можност одблиску да се запознаат и со изведувањето на конзервацијата на куќичките, соопшти Завод и музеј – Охрид.
Конзерваторските активности, како што е наведено, се реализираат под раководство на Ванчо Димоски.
Tековнотo одржување на локалитетот е во наскока на обезбедување подобри услови за сите посетители и поголема безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.