По повеќегодишно запоставување и оштетување со обезбедени 31 милион денари од Владата на Република Македонија со ребалансот на Буџетот продолжува изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, напиша на својот фејсбук профил директорката на Управата за заштита на културно наследство, Весела Честоева.
Директорката на Управата за заштита на културното наследство Г- ѓа Весела Честоева заедно со изведувачот “Митан Пром” од Битола и надзорот од страна на фирмата “Конструктор” од Струга како и претставници од НУ “Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј”- Охрид извршија увид во изведувањето на досегашните градежни работи на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник.
УЗКН која во склоп на Владата на Р. Македонија е инвеститор на Возобновувањето на Светиллиментовиот Универзитет на Плаошник ја информира јавноста, дека изминатите години многу малце е вложено во реализацијата на овој капитален проект и дојдено е до оштетување и запуштање на овие објекти што остава лоша слика за туризмот на нашиот бисер Охрид кој претставува лулка на Христијанството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.