Во текот на следната недела продолжува програмата на „Танц Фест 2023“ со четири кореографски остварувања.

Во циклусот современи кореографи во понеделник во 20 часот на сцената на Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, публиката ќе може да ја види претставата „16 чекори до земјата“ на грчката танцова компанија „А приори“. Веднаш потоа следува претставата „Код #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола.

Во склоп на оваа програма, на 28 април во 20 часот, на малата сцена на Националната опера и балет ќе ја видиме претставата „Одења и слични кореографски решенија“ на Филип Петровски, со што се затвора фестивалската програма/

– На 26 април,во рамки на фестивалот, во Македонскиот народен театар во 20 часот, ќе се изведе најновата премиера на Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар „Леди Магбет“. Музиката за претставата ја направи композиторот Тони Китановски, сценографијата е на Матеа Мијановиќ, а костимите се на Благој Мицевски. Настапуваат танчери на Скопје танцовиот театар и Катедрата за танц при Универзитетот „Гоце Делечв“. „Лејди Магбет“ е селектирана на Шекспир фринге фестивалот во Верона, Италија каде ќе има светска премиера на 29 август на сцената на „Teatro Camploy“, соопштија организаторите на „Танц Фест“.

Годинашниот „Танц Фест“, меѓу другите, е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на САД, УГД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.