Прилепскиот завод и музеј оформи меѓународен тим за конечно решавање на најголемиот проблем- влагата и опасност за црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Проблемот со влагата мора да се решава и не треба да се одложува, вели директорот на музејот Горан Цветкоски. На Министерството за култура му се доставени два проекти, а стручните лица поставија некулкумесечен рок за да почне реализацијата.
Стручен тим од Музејот, со стручен тим од странство, со професори од земјава, направивме увид и заклучено е дека мора, конечно, да се направат конкретните елаборат и проект. Увид направи истакнатиот професор од Грција Акваридис Препис, направи испитувања и дојде до сознанија кои ги очекуваме официјално. Составен е стручниот тим – со професорот, со стручни лица од Музејот, професори од Градежниот факултет од Скопје, стручни лица од ИЗИС. Дојдовме до сознанија дека најголем проблем во Црквата е влагата која мора прво таа да се отстрани. Влагата доаѓа од водата што влегува во манастирскиот комплекс. Значи, двата проекти кои ги поднесовме до Министерсвото за култура се однесуваат за заштита од тој аспект – од хидрогеолошки и од геолошки аспект за заштита на Цркавта, за дури потоа да почнеме со заштита и реставрација на покривот, на тремот, на олтарот. Верувам во поддршката на Министерството за култура. Крајно време е да се посветиме на решавањето на проблемот со заштитата на Црквата во Трескавец за да не се доведеме во опасност да го загубиме ова непроценливо културно богатство, вели Цветкоски.
Ова е голем зафат, вреден неколку милиони денари, но од Музејот веруват дека меѓународниот стручен тим целосно ќе ја даде сликата за она што најитно треба да се работи, а прво е решавањето на влагата во Црквата.
Цветкоски констатира дека локалната самоуправа уште не почнала со активностите за водоводот и пречистителната станица што се услови за официјално ставање во употреба на обновените конаци на манастирот по пожарот од пред 10 години. Инаку, за обновата на Трескавец државата досега вложи околу 2,5 милиона евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.