Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец, гостува во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа.
Загрепската публика имаше можност синоќа во 21 часот во сатиричниот театар Керемпух, да ужива во изведбата на „Глембаеви“ која е критика на нововековната тајкунска чудовишност. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а сценографијата на Сузана Брезовец.
Со фестивалот „Мирослав Крлежа“ кој трае до 7 јули, годинава се одбележуваат 130 години од неговото раѓање. Фестивалот нуди богата и разновидна програма и е културен настан на загребачкото културно лето и место за средба на Крлежа со уметниците и публиката.Токму затоа и учеството на нашиот театар на овој фестивал е од големо значење.
Во претставата играат Анон Јованоски, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Ана Митоска-Стојаноска и Сузана Брезовац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.