Со претставата „Аудиција“ на Галин, во режија на Владимир Милчин, ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“  ќе учествува на 11. Амбиентален театарски фестивал  „Нови тврдина театар“ што од 26 август до 2 септември ќе се одржува во Чортановци, во близина на Нови Сад, Србија.

Ансамблот со „Аудиција“ ќе се претстави во официјалната програма на Фестивалот на 28 август од 20 часот. Театарот настапува во конкуренција со уште пет претстави од Регионот.

Како што информираат од прилепскиот народен театар, според уметничкиот директор на фестивалот Вида Огњановиќ, темата на годинашниот фестивал, кој е под мотото „Ни пречи ли иднината?“, се проблемите кои се случуваат денес, a претставите говорат за човечките проблеми.

Претставата „Аудиција“ зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината.

Во претставата играат: Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска,  Сара Спиркоска,  Јасмина Мицовска Станкоска,   Наташа Ачански, Илија Волчески,  Александар Тодески,  Игор Трпчески, Зоран Иваноски и  Михајло Миленкоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.