Во КСП Центар – Јадро утре (четврток, 16 јануари) во 20 часот ќе биде презентиран  проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска.

Оваа презентација е дел од новиот проект „Arts Hub“ кој ќе се реализира во периодот 2023/24 година, а започнува со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Изложбата „Човеколики неволји“, која се отвори вчера, заинтересираните ќе имаат можност да ја погледнат секој ден до овој петок (17 февруари) од 10 до 20 часот.

„Човеколики неволји“ е партиципативен уметнички проект кој го препознава пејзажот и неговите сочинители како активни посредувачи во креирањето на условите за живот и се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта.

Проектот го реализираше уметницата Ивана Мирчевска, а учествуваа: Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самандова, Ивана Јовановска, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Христина Крстеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.