КСП Центар-Јадро денеска (петок, 02.12.2021) со почеток во 19.30 часот организира презентација и разговор со визуелната уметница Зорица Зафирова.
Во текот на 2021 година, КСП Центар-Јадро реализираше проект кој вклучуваше разговори со визуелни уметници и дизајнери, кои пред пошироката јавност ја претставија својата богата продукција.
Во рамките на 20-те предавања/презентации, уметници и дизајнери од повеќе генерации направија преглед на своето творештво преку избор од своите најрепрезентативни проекти.
Проектот беше заокружено со издавање на репрезентативна публикација со транскрипти од снимените разговори и богат визуелен материјал, а беше организиана и групна изложба во Загреб.
Со цел да се оствари континуитет во претставувањето на македонската визуелна сцена, КСП Центар-Јадро продолжуве со нова серија разговори во живо, со македонски визуелни уметници и нивните дела изложувани на значајни изложби. Намерата е да се постигне поголема промоција како и генерациско поврзување што ќе помогне во воспоставувањето на континуитет и интензивирање на дијалогот на локалната уметничка сцена.
Меѓу уметниците, кои континуирано се присутни на уметничката сцена и за кои сметаме дека со своите дела, со темите кои ги обработуваат, авторскиот интегритет и сериозност во пристапот, се релевантни денес, секако се вбројува и Зорица Зафировска.
Како уметница и културна работничка таа работи на значајни социополитички теми, како трговија со луѓе, бездомништво, конзумеризам и екологија за кои прави специфични, временско-просторни инсталации, мали акции, партиципативни и волонтерски активности. Во последните години работи на герила градинарење, истражувања, споделувања на искуства и знаења поврзани со средината во форма на акции и видеа претставени на дигитални платформи.
Во презентацијата и разговорот кој ќе го води кураторот Владимир Јанчевски, ќе биде направен преглед на творештвото на визуелната уметница Зорица Зафировска, авторка која 15тина години континуирано се претставува на самостојни и групни изложби во земјата и странство, со фокус на некои од нејзините најзначајни дела и проекти кои се резултат на подолготраен истражувачки процес.
Зорица Зафировска (1982, Скопје) дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2011 година е последипломска кандидатка на културните студии на Институтот за општествени науки и хуманистички науки “Евро-Балкан”, а од 2022-ра година е последипломска кандидатка на сликарство на Факултетот за ликовни уметности. Како уметница работи на социо-политички теми, како трговија со луѓе, бездомништво, конзумеризам и екологија за кои прави специфични, временско-просторни инсталации, мали акции, перформанси и документирани архиви. Од 2008 година е членка на Ф.Р.И.К. и селекторка на дел од видео програмата на ФРИК Фестивалот. Ко-основачка на Арт И.Н.С.T.И.T.У.T. проектниот простор во 2009 година, а заедно со шест уметнички од Скопје ја ко-основа иницијацијата „Моми“ во 2011-та година. Од 2013-та е членка на Асоцијацијата Јадро. Во 2014-та година е една од победничките е на отворениот повик за млада уметничка на галеријата „Агенцијата за сериозни интереси“. Во 2016-та е добитничка на наградата за млад визуелен уметни/к/чка „Денес“ на Центарот за современи уметности – Скопје и ФРУ. Од 2019-та работи во Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Работи трансдисциплинарно и има преку 15 самостојни изложби, акции и проекти во Македонија, САД, Грција и Германија.
Владимир Јанчевски (1984, Скопје)
Живее и работи во Скопје, како куратор во Музејот на современата уметност. Дипломирал на Институтот за историја на уметноста (Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје), каде што паралелно со постдипломските студии работел како демонстратор по предметите Современа уметност и Современа македонска уметност (2009-2011). Од 2004 година организирал, курирал и учествувал на многубројни настани, групни изложби, колаборативни проекти, предавања и јавни дискусии во земјата и странство. Бил член на јадрото на уметничката иницијатива „Кооперација“ (2012-2015). Од 2011 година соработува со Центарот за визуелни студии – Скопје (дел од Европската мрежа за визуелна култура – VCinE) и учествувал на неколку меѓународни конференции. Автор е на повеќе од 50 текстови за современа уметност и визуелна култура. Се интересира за интердисциплинарни уметнички практики и теорија на сликата, ангажирана уметност и интервенции во јавен простор, иконокластички акти и визуелни конфликти. Во 2019 година добитник е на наградата за развој на ликовната критика „Ладислав Баришиќ“ доделена од Здружението на ликовни критичари АИКА – Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.