Претставници од Швајцарската амбасада предводени од заменик шеф на мисијата и вршител на должност Михал Харари остварија средба со директорот на НУ Завод и Музеј Охрид, Горан Патчев, во Заливот на коските.
На средбата се презентираше познатиот архeолошки локалитет со потенцирање на претходните соработки со Универзитетот во Берн, тогашните истражувања и резултати како и идните планови за соработка, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.
На средбата, додаваат, од страна на Швајцарската делагација беа присутни и Анета Дамјановска, национален програмски офицер при Амбасадата на Швајцарија, Горан Дамовски, директор на Швајцарската Програмата за зголемување на пазарна вработливост (www.ime.org.mk), Тања Георгиевска, заменик директор на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME), Зоран Тодоровски, експерт за туризам на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME) и Генералниот менаџер на Фибула Травел, Асим Меџедовиќ.
Разговор се водеше и со Милутин Секулоски -Мичо од нуркачкиот центар Амфора од Охрид за локалитетот Плоча Миќов град, со кои и претходно се остваруваа соработки преку Швајцарската амбасада, а во однос на нуркачки активности и подводната археологија, истакнуваат.
Потенцираат дека низ прошетката на целиот комплекс презентација беше одржана од страна на кустос м-р археолог Христијан Петровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.