Денес на 24. Интернационален фестивал на монодрама во Битола ќе бидат изведени претставите од Србија, „Чучук Стана – Србинка и Гркинка“
на Народниот Театар на Тимочка Краина „Зоран Радмиловиќ“, Заечар, Србија од 19.30 на Сцена на НУ Народен театар – Битола и од 21.30 на Големата сцена на Центарот за култура ќе гостува претставата „Кој сум јас“ на Центар за Монодрама, Улан Батор, Монголија.
Автор и режисер на претставата од Србија е Жељко Хубач, а истата е во изведба на актерката Наташа Петровиќ.
Чучук Стана не е само српска хероина од времето на побуната против Турците, туку и жена која со своето однесување и што е уште поважно со нејзините постапки, поставила основи на она што денес го нарекуваме феминизам. Во суштина, Чучук Стана за мене е првата српска феминистка и нека ме поправат историчарите доколку постоеле слични примери во подалечната српска историја. Ова е приказна за нејзиниот живот и борбите за време на востанието и после него.
Автор и режисер на претставата од Монголија е Б. Батделгер,а истата е во изведба на актерот Јанјиндулам Рагкасурен.
Во оваа претстава се збпрува за постпородилната криза која ги погодува повеќето жени во светот, што директно доведува до негативно влијание врз нивната психолошка добросостојба. Скоро секоја жена се споредува себеси со другите во општествениот свет после породувањето. Приказната ја прикажува оваа занемарена криза преку ликот на Монголката Сувд, која го надминува постпородилниот синдром и на кој начин таа се справува со психолошката болест преку ноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.