Вечерва, од 19 и од 20 часот во просториите на театарот „Сенки и облаци“ во Дебар мааало ќе биде изведена претставата за деца со сенки „Малиот принц“.

Колку ли планети постојат околу нас? На кои од нив стапнал Малиот принц? Кого ли уште не сретнал и што ли уште сака да види? Очите се слепи, треба да се бара со срцето… – пишува на најавата на претставата.

Заинтересиранитетреба да се пријават на Фејсбук страницата на театарот „Сенки и облаци“. За претставите нема билети, но препорачана е донација од 250 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.