Претставата на авторката Јована Зајкова насловена „Во моите чевли” ќе биде изведена на 23 септември, во 20 часот, во КСП Центар Јадро.

Влезот е слободен, а местата се ограничени.

Претставата  е сплет на современ танц, актерска игра, музика, видео и елементи од кловновство.

Преку сите овие елементи, на доста невообичаен и интересен начин се раскажува приказна за соочувањето со анксиозност, страв, опсесивно компулсивно однесување и предизвиците на растењето и созревањето.

Заедно, ќе патуваме низ палета на различни чевли, кои претставуваат различни карактери, предизвици и гледишта, во внимателен хармонично-хаотичен свет.Оваа приказна во себе содржи многу хумор и може да наликува на претстава наменета за деца. Сепак, во овој лесен и шеговит пристап се крие многу силна порака за живеење со отворено срце и пронаоѓање на убавините, дури и во тешките моменти на животот” се вели во најавата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.