Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ, сала 25 Мај ќе се одржи изведба на претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто…“ по текст на Ханох Левин, а во режија на Ана Батева. Продукција на домашните – театар „Златен Елец“ и СПАМ студиос од Бугарија.
Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk
превод: Иван Калошев, Ана Батева
сценска верзија и режија: Ана Батева
музика: Стефан Здравески
играат: Надица Петрова, Бобан Алексоски, Димитрина Мицкоска, Григор Јовановски, Миа Кантарџиева, Давид Илиќ
„И дојде ден кога човекот сфати дека животот одамна не е како на филм.
Тој ден човек беше принуден да се соочи со реалноста, да ја прегрне лагата за неговиот живот и да продолжи напред.
Тој ден човек ги прифати сите негови стравови и со насмевка се соочи со смртта.
Тогаш се препушти на инстинктите и даде старт на нов свет, со свои правила и принципи.
Тогаш смислата доби ново значење, а волјата за живот стана водилка.
Така група артисти се качија на сцената и со песна и хумор му се спротивставија на апсурдот.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.