Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје е прогласена за најдобра претстава на 28. Ревија на куклени театри во Риека, Хрватска. Во конкуренција на 11 претстави, претставата во режија на Јакуб Максимов од Чешка ја освои највисоката оценка од 4.89 од публиката.

Ова е една од неколкуте награди што оваа претстава ги освои во последните две години.

Претставата е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен. Играат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов.

Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.