Во петок, 24 ноември 2023 година, во Македонскиот народен театар, со почеток од 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Момчето со пругасти пижами“.
Жива слика за војната и нејзините ужаси низ призма на интензивен психолошки судир на архетипни карактери кај едно нацистичко семејство во окупирана Полска. Длабоко скриени брачни тајни испреплетени со расизам, љубов и ксенофобија.
Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ се обидува да застане на браникот на колективната меморија на човештвото пред тоа да умре од цивилизациска деменција. Приказна за идиличен почеток на трагичниот крај.
„Кармата е загарантирана, а сегашноста никогаш не му простува на минатото“.
Влезници онлајн – https://mnt.mk/online/index.php?id=532 или на билетарата на МНТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.