Во Центарот за култура во Куманово вечерва /3 април/ со почеток во 18 часот е закажана детската претстава „Малата сирена“ со која ќе се одбележи петиот роденден на претставата.

Работена е по мотивите на бајката на Ханс Кристијан Андерсен, досега е изведувана 28 пати, учествувала на неколку фестивали во државата, а има добиено и неколку награди, за најдобра сценографија, костимографија и актерска игра.

Актерите и режисерката се задоволни што претставата „Малата сирена“ толку долго трае.

Играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски, Дубравка Киселички, Кети Дончевска Илиќ, Жарко Јовановиќ, Владо Дојчиновски. Режијата е на Бојана Краљевска, а асистент на режија: Ибраим Деари. Текстот е обработен од  драматург  Сашо Костовски, сценографијата на Крсто Богојевски, костимографијата на Кети Пауновска Стефковска, а музика ја создаде Зоран Зафировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.