Вечерва, со почеток во 19 часот, во Домот на АРМ, ќе се изведе проектот „Прозорци“, продукција на Инкубатор – платформата за млади уметници.

Автор на проектот е Матеа Мијановиќ, а го создава во соработка со младите уметници Митко Дамјановски, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска и Драган Теодосиев.

„Прозорци“ е студија за релациите, отуѓеноста и моменталното чувство на поединецот, искажана низ монотонијата на секојдневните рутини во однесувањето, со цел да отвори ‘прозорец’ кон надминување на тие секојдневни рутини и калапи на однесување.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.