По повод 29 април меѓународен ден на танцот, премиерно ќе биде изведено делото ЈАС СУМ ТИ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев.

Претставата ќе се изведе во КСП Јадро на 29 и 30 април во 20 часот времетраење 30 минути.

Број на места лимитиран: 𝟑𝟑 лица по претстава, затоа Ве замолуваме навремено да го резервирате вашето место на следниот ЛИНК https://forms.gle/5XFyyHaMjztsg7pT6

Донации: Тереза Лазарев е млад автор на кој му треба поддршка со што донации од страна на публиката за влезници се добредојдени, информираат од КСП Центар Јадро.

ЈАС СУМ ТИ

Преку интимен дијалог Искра Шукарова и Тереза Лазарев истражуваат како танцот и гласот можат да коегзистираат заедно. Тие се стремат да откријат начини како двата ентитети можат да функционираат заедно, каде што едното нема да го надвладее другото. Истражувајќи го внатрешниот ритам тие го користат гласот кои ги трансформира нивните движења. Тие градат телесни релации помеѓу себе и ‘другиот’ користејќи го гласот како медиум за израз

Шукарова и Лазарев во полето на современиот танц припаѓаат на две генерации (Шукарова како еден од пионерите на совремниот танц кај нас) додека Лазарев (млад автор и изведувач) тие во овој проект се наоѓаат со цел да развијат танцов вокабулар кој соодветствува со нивниот интерес истражувајќи во насока тело-глас со што воедно делото добива и интергенерациски контекст (два гласа – две генерации). Како дел од процесот истражуваат контакт помеѓу сопствените тела но и телото на ‘другиот’.

“ го користам гласот за да зборувам со тебе,

го користам гласот за да дишам.

со секој здив станувам пожива,

со секој здив јас сум побудна.”

▪️ Кореографија и изведба: Искра Шукарова и Тереза Лазарев
▪️ Фотографија: Дарко Стојановски
▪️ Костим: Илина Ангеловска
▪️ Надворешен соработник: Јасмина Билаловиќ
▪️ Поддршка за припреми : Балетско студио Арт Балет (управител : Тамара Ѓурчиновска)

Поддржано од: Министерство за култура на Република Македонија и КСП Јадро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.