Театарската претстава „Ние, луѓето“ на Театар „Пи“, во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска вечер премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура во Ѓорче Петров.

Асистент на режија и едукатор е режисерката од Бугарија, Гергана Тодева. Во претставата како актери се вклучени лица со попреченост и лица со атипичен развој.

Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој поминаа низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело, информира Театар „Пи“.

Претставата е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби, како и лица со атипичен развој во културата почната во јануари 2023 година, а завршува со театарска премиера. Проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош.

Театар „Пи“ е создаден пред 15 години и единствениот на Балканот кој континуирано работи со лица со интелектуална попреченост и лица со атипичен развој. Тој е основан и предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.