Вечерва во КСП Центар -Јадро во Скопје, со почеток во 20:30 часот, премиерно ќе биде изведена монодрамата „Сите најубави нешта“.

„Сите најубави нешта“ е монодрама работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на ОХО.

Ja изведува популарниот македонски актер Игор Ангелов.

Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни.

Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на животниот список се причина за радување.

Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола.

Следните изведби се закажани на 4, 14, и 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20:30 часот и влезниците за нив се достапни преку мкtickets https://mktickets.mk/event/ssn4/.

Наскоро се очекува да бидат закажани изведби и во други градови низ Македонија.

Претставата се препорачува за лица над 18 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.