Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот институт во Скопје, вечерва, во 20 часот, во киното „Милениум“ организираат филмска гала-вечер со премиера на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“. Настанот ќе го отворат Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, и Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје.

Филмот е дело на режисерот Доминик Мол, а во главните улоги играат Бастиен Бујон, Були Ланерс, Тео Шолби (2022). Филмот е добитник на шест награди „цезар“ во 2023 година, меѓу кои и две од најпрестижните, за најдобар француски филм и за најдобра режија.

Проекцијата на „Ноќта на 12-ти“ на „Канскиот филмски фестивал 2022“ ќе остане како датум за паметење… Повеќе од трогателен, филмот е моќен и вознемирувачки… Филм на годината…. Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти“ е напнат трилер за горчливите прашања поврзани со насилствата врз жените – напишаа француските медиуми за филмот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.