Во четврток, 28 декември 2023 година, во НУЦК ” Антон Панов” во Струмица, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи Предновогодишен концерт со најдобрите македонски хитови.

Струмица е домаќин на незаборавен концерт со Камерен Оркестар на Битола – Chamber Orchestra of Bitola.

 

Придружете ни се и уживајте во песните кои ги обележаа нашите генерации, изведени во живо од Камерен оркестар, Александра Јанева, Славица Ангелова, Лара Иванова, Ана Петановска и Ристо Самарџиев.

Започнете ја новогодишната магија со звуците на нашата македонска музика!

 

Билетите по цена од 250 денари, можат да се набават на билетара на Нуцк Антон Панов и во просториите на Eventum.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.