На 10 ноември (петок), во 12:30 часот, во Сули ан, ќе може да го проследите предавањето на еден од најреномираните уметници во Македонија, како и поранешен професор на Катедрата за графика при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, проф. Димитар Малиданов, на тема „Моќта на сувата игла“.
Димитар Малиданов е роден во 1946 година во Саракиново – Воденско, Грција. Дипломирал на Академија за ликовна уметност, Љубљана, сликарство, 1972. Магистрирал на Академија за ликовна уметност, Љубљана, графика, 1975. Специјализација: E.N.S. Beaux Arts, Париз, литографија, 1976/1977. Катедра по графика. Предава цртање, графика и графички техники, на прв и втор циклус студии.
Студиски престои: Париз 1976/1977, Москва 1976, Дрезден 2000. Самостојни изложби: Куманово, Нови Сад, Битола, 1975; Зрењанин, Љубљана, Марибор 1976; Париз 1977; Њујорк 1979; Битола 1982; Струга, Сараево 1985; Велес 1987; Белград, 1990; Љубљана, Нова Горица, Пиран, 1995; Ужице 1997; Струмица 2001; Љубљана, Птуј 2002; Љубљана 2008; Скопје, 1974, 1979, 1985,1991,1993, 1996, 2000.
Позначајни групни изложби: вкупно околу 250, меѓу кои Меѓународно графичко триенале, Битола, од 1994; Меѓународно графичко биенале, Љубљана, 1995; Триенале на графика, Краков, 1997; Триенале на графика, Софија, 1998; Биенале мал формат, Хелсинборг, 2003.
Награди: Награда М. Пијаде на 4. графичка изложба на ДЛУМ, 1973; Откупна награда Климент Охридски за графика, 1975; Откупна награда за графика, Салон 13. ноември, Цетиње, 1980; Откупна награда за графика, на МСУ, 1981; 1. награда Ј.Б. Бенковиќ, 16. Зимски салон Херцегнови, 1982; Откупна награда за цртеж, на МСУ , 1983; Награда на графичка колонија „Смедерево“, Суботица, 1989; Откупна награда за цртеж „Климент Охридски“, 1989; Награда на Триенале на современа југословенска графика, Битола, 1990; Откупна награда за графика на МСУ, ДЛУМ, 1993; Откупна награда на Нова Македонија, 1. Меѓународно графичко триенале Битола, 1994; Премија на Меѓународно графичко триенале Битола, 1997; Почесна награда, Биенале на графика, Варна, 1995; Гран При, Биенале сува игла Ужице, 1995; Гран При, Зимски салон на ДЛУМ, 2000; Признание на Триенале Шамалие, 2005; Награда „11. Октомври“ ; Награда „13. Ноември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.