На 5 јуни во 19:00 часот во Музеј на современата уметност Скопје, како дел од Skopje Pride Weekend, предавање на тема Смарањето (Killing Joy) како квир проект, ќе има Сара Ахмед, независна квир кафеава феминистка и теоретичарка. Модераторка на дискусијата ќе биде Душица Лазова.

Во The Feminist Killjoy Handbook (2023) тврдам дека „feminist killjoy“ (феминистичкиот смор) претставува квир лик. При повторно присвојување на поимот феминистички смор, се започнува разговор со луѓе кои, како и вие, наоѓаат потенцијал, ветување во поимот, односно начин како да се пренасочи негативноста што тој ја носи. Во ова предавање истражувам на кој начин смарањето претставува квир проект. Ја трансформираме негативноста во алатка, а зборот „не“ од нас го пренасочуваме назад кон институциите што одбиваат да ни удоволат. Изговараме „не“ за да ја одржиме во живот историјата; нема да се откажеме. „Не“ го предаваме на другите„ објаснува Сара.

Таа е независна квир кафеава феминистка и теоретичарка која работи на пресекот меѓу феминизмот, квир студиите и студиите за изучување на расите. Во нејзините дела се насочува кон искусувањето на моќта и начинот на кој е предизвикана во секојдневниот живот и во институционалните култури.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.