Искра Шукарова, Иванка Апостолова Баскар и Дејан Дуковски во периодот од 14 до 29 јуни во Лече, Италија, ќе одржат серија предавања на Академија Медитернеа дел Аторе на теми – драмско пишување, визуелна драматургија и кореографска драматургија.

Проектот ќе резултира со јавни презентации на крај на процесот каде учесниците ќе претстават текстови на тема еколологијата односно климатските промени. На 28 јуни среда во 18 часот во Градската библиотека ќе биде презентиран процесот од работилницата поточно ко-креативниот пристап на Иванка Апостолова Баскар и Искра Шукарова во визуелната и кореографската драматургија

Проектот THE EAST SIDE OF THE STAGE кој започна да се реализира од 2023 е поддржан од страна на Министерство за култура на Италија и Македонскиот Центар на интернационалниот Театарски Институт

Во проектот учествуваат и партнери/организации од Србија, Косово, Албанија и Италија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.